ВОСКОПУЛОС (ВОСКОПОУЛОС), Павле Христов

Павле Воскопулос

ВОСКОПУЛОС (ВОСКОПОУЛОС), Павле Христов (Павлос Христос) (Лерин/Флорина, Егејскиот дел на Македонија, РГр, 25. XI 1964)  – политичар, културно-национален деец. По студиите по ахитектура на Белградскиот универзитет, има приватен бизнис во Лерин, а пред 6 години е вработен во Леринската префектура. Член-основач е на Македонското движење за балкански просперитет, член на Политичкиот секретаријат на Европската слободна алијанса „Виножито” и член на Домот на македонската култура во Лерин. Со тројца членови на Централниот совет на „Виножито” се обвинети за „поттикнување насилство” и „нарушување на мирот” поради поставувањето двојазичен натпис на македонски и на грчки пред нивните канцеларии во Лерин со името на партијата (1995), но во 1998 г. се ослободени од сите обвинувања. Го води зачленувањето на Партијата „Виножито” до полноправен член на Европската слободна алијанса – Европска политичка партија (ЕФА –ЕПП) и на Федералната унија на европските малцинства (ФУЕН). Преку настапи во земјата и на меѓународни форуми се бори за подобрување на статусот на македонското малцинство во Грција. Р.