ВОЛЧАРИ (ВУЧАРИ)

ВОЛЧАРИ (ВУЧАРИ) -. група мажи, обредно маскирани или не, кои со убиен волк ги посетуваат куќите и собираат дарови. Даровите се даваат како благодарност што со тоа се заштитени домашните животни на пасиштата. Традицијата е задржана меѓу ловците и до денеска. С. Мл.