ВОЛКАШИН

Волкашин (Димитрија), крал во Македонија, фреска во црквата „Св. Никола” во Псача (1358 г.)

ВОЛКАШИН (ДИМИТРИЈА) (? – Черномен на р. Марица, 26. IX 1371) – македонски благородник и крал (1365-1371). Син на Мрњава што бил благородник на дворот на царот Душан. Двојното име на В. било Димитрија, според поменик од Протатот на Света Гора (кр. на ⅩⅣ в.). Се спомнува како жупан во Прилепскиот крај (1350). Во привилегија за Котор од Уроша, Ⅴ се спомнува како челник (1355). Во 1361 г. веќе е највлијателната личност, веднаш до Урош В, а, според некои извори, ја носел титулата деспот. Со добивањето на кралската круна (1365) било воспоставено совладетелство помеѓу него и царот Урош. Првата диплома од кралот Волкашин е издадена во Скопје (јануари 1366). Кралската титула ја добива веројатно во август или септември 1365 г., а брат му Углеша станува деспот, според дипломите од двајцата издадени истовремено на Рилскиот манастир на Атос. Владеел главно во Западниот дел од Македонија со седиште во Прилеп. Во почетокот ковел монети со натпис од царот и од кралот (на другата страна), а подоцна само со натпис на кралот. Кралот Волкашин го прогласува сина си Марко за млад крал, односно за свој наследник (помеѓу 1. IX 1370 и  31. Ⅷ 1371). Бил активен во трговијата со Дубровник и имал непријателски односи со големците од некогашното Душаново Царство, кои особено се влошуваат по Косовската битка (1369), кога се поразени војските на немањиќевската династија (Лазар Хребелјановиќ, Никола Алтомановиќ и царот Урош) од војските на новата мрњавчева династија (кралот Волкашин и деспотот Углеша), кога и царот Урош е заробен.

Кралот Волкашин и син му Марко (во пролетта на 1371), заедно со Балшите, подготвуваат напад на Никола Алтомановиќ. Во почетокот на јуни кралот Волкашин бил очекуван на патот од Скопје до Призрен, а подоцна со својот син Марко се затаборил кај Скадар, од каде што, заедно со Ѓураѓ Балша, требало да тргнат кон Оногошт против жупанот Никола. Дубровчаните, како членови на коалицијата, требало да обезбедат префрлување на трупите, а босанскиот бан Твртко и кнезот Лазар, кои биле во непријателски односи со Никола, благонаклоно гледале на овој напад, којшто потоа бил одложен.


Кралот Волкашин, заедно со брат му деспот Јован Углеша, како одговор на турските напади на европска почва, со војска се спротиставиле во битката кај Черномен на р. Марица и тука загинале. За кралот Волкашин се вели дека телото му е пренесено во црквата „Св. Димитрија” во Сушица. Кралот Волкашин е наследен од син му крал Марко (1371-1395).

Печатот на кралот Волкашин ЛИТ.: Константин Јиречек, Српски цар Урош, краљ Вукашин и Дубровчани, Зборник Константина Јиречека, И, Београд, 1959, 341-385; Раде МихаљчиÊ, Цар и краљ: неуспешно савладарство, во кн.: Историја српског народа, И, Београд, 1981, 588-589; Иван –уриÊ, Поменик светогорског Протата с краја ⅩⅣ века,
Зборник радова Византолошког института, ⅩⅩ, Београд, 1981; Коста Аџиевски,
Пелагонија во средниот век (од доаѓањето на Словените до паѓањето под турска власт), Скопје, 1994; Ѓорѓи Здравев, Облеките на кралот Волкашин и на кралот Марко во фреско-живописот од ⅩⅣ век, зб.: Кралот Марко во историјата и во традицијата, 319-330; Билјана Ристовска-Јосифовска, Ѓорѓија М. Пулевски и Крсте П. Мисирков за владеењето на Мрњавчевци, зб.: Делото на Крсте Мисирков. Зборник од Меѓународниот научен собир по повод стогодишнината од  излегувањето на книгата За македонцките работи, И, МАНУ, Скопје, 2005, 347365. Б. Р.-Ј. Круме
Волнароски