ВОКС МЕДИЦИ

„ВОКС МЕДИЦИ” („ВОЏ МЕДИЦИ”) – ревиско списание на ЛК на Македонија. Првиот број е отпечатен на 15. Ⅲ 2001 како продолжение на тогашниот „Информатор“ на Комората. Се печатат едукативни и стручни трудови на лекарите од Македонија и од странство и информации за активностите на Комората. Излегува квартално, во тираж од 6.000 примероци.
ИЗВ.: Статут на Лекарската комора на Македонија. Д. С.-Б.