ВОИХНА

ВОИХНА (ⅩⅣ в.) – кесар, господар на градот Драма и на околните територии во Источна Македонија, најмоќен благородник во Серската област по смртта на ца-рот Стефан Душан (1355). За управник на Драма бил поставен од царот Душан (1348), со кого бил роднински поврзан. По смртта на Душан (1355), се осамостоил на териториите што ги управувал. На византискиот император Јо-ванⅤПалеолог му го предал заробениот узурпатор Матија Кантакузин (1357). Имал добри односи со Јован Углеша, господарот на Сер, кој се оженил со неговата ќерка Ефимија. Не е познато до кога живеел и управувал во Драма, последен пат се споменува во 1360 г. Бил погребан во манастирот „Хилендар“ на Света Гора. ЛИТ.: Г. Острогорски, Серска област после Душанове смрти, Београд, 1965; Б. Ферјанчић, Севастократори и кесари у српском царству, „Зборник Филозофског факултета“, књ. Ⅹ–1, Београд, 1970. К. Аџ.