ВОЗНЕСЕНСКИ, Андреј

ВОЗНЕСЕНСКИ, Андреј (Андрей Андреевич Вознесенский) (Москва, 5. Ⅻ 1933) – руски поет, слободен творец. Пишувал експериментална поезија што секогаш се потпирала врз традицијата на руската авангарда. Истражувал нови можности и употребувал звучни асоцијации и асоцијативни низи, гротескна и парадоксална метафорика, а исто така при градбата на своите стихови се потпира на архитектурата и сликарството. Во 1984 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Парабола, 1960; Мозаици, 1960; Триаголна крушка, 1962; Антисветови, 1964; Ахилово срце, 1966; Сенката на звукот, 1970; Дабов виолончелов лист, 1975; Соблазна, 1978; Неконтролирано, 1981. ЛИТ.: М. Ѓурчинов, Траен порив кон неосвоеното, „Поезија”, СВП, 1984. П. Гил.