ВОДОЉУБЕЦ, ГОЛЕМ

ВОДОЉУБЕЦ, ГОЛЕМ (Хѕдроус пицеус Л.) – воден тврдокрилен инсект. Нозете му се приспособени за веслање. Долг е околу 5 цм. Живее во неистечни води и во јазови обраснати со вегетација. Се снабдува со воздух истурајќи го предниот дел на телото на површината од водата. Се храни со водни растенија, но и со полжавчиња и други ситни организми. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К. – М. Кр.