ВОДОЧКИ ЦРКВИ, КОМПЛЕКС „СВ ЛЕОНТИЈ”, ВОДОЧА

ВОДОЧКИ ЦРКВИ, КОМПЛЕКС „СВ ЛЕОНТИЈ”, ВОДОЧА .– локалитетот од сакрални објекти и некропола сместен на 4 км западно од Струмица. Комплексот цркви, архитектурата и живописот ги проучувал П. Миљковиќ-Пепек, а просторната некропола (1081 гроб) ја истражува

Водочкиот комплекс со црквата „Св. Леонтиј“, Струмичко

 

ле В. Лахтов (1962/63), Ј. Ананиев (1979–2003) и Ване Секулов (2004). Погребувањето траело од Ⅻ до ⅩⅩ в. Гробовите се претежно од типот на камени цисти, но има и слободни вкопувања во јами. Меѓу наодите доминира накитот од доцниот среден век и од турското средновековие. ЛИТ.: П. Миљковиќ-Пепек, Комплексот цркви во Водоча, Скопје, 1975; Ј. Ананиев, Водоча, Црква Св. Леонтие-Водоча, средновековна некропола, „АП”, 28, Лјублјана, 1989, 185, 186; Е. Манева, Древниот накит од Македонија, Некропола Водоча (ⅩⅣ почетокот на ⅩⅠⅩ век), Скопје, 2007.
Ел. М.