ВОДОСТОПАНСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

– стопанска гранка што се занимава со користењето на водните ресурси, заштитата од водни стихии и заштитата на водата од загадување. Претставува комплекс од водостопански дејности како: водоснабдување на населението и стопанството, наводнување, рибарство, заштита од загадување, одбрана од поплави, коритење на водата за хидроенергија, квалитет на водата, истражувачки дејности, пловидба и друго. Република Македонија располага со следниве количини вода:

Постојат шест сливни подрачја од кои поголеми по површина се сливовите на реките Вардар, Црн Дрим и Струмица. Специфичното истечување во просек изнесува околу 7 л/сец/км , при што во некои делови од источна и од централна Македонија специфичното истечување изнесува околу 5 л/сец/км , додека во некои делови од западна Македонија околу 30 л/сец/км . Максималните протоци се јавуваат во месец април, а минималните во месец август. Проценките за подземните води покажуваат дека нивната количина изнесува околу 520 х 10 м . Регистрирани се вкупно 4.414 извори, од кои 51 се минерални, а 11 термоминерални. Најголемиот број од нив (3.000) се со дарежливост до 1 л/сец. Република Македонија има три поголеми природни езера (Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро), поголем број планински езера и околу 120 вештачки езера (акумулации), од кои 18 се големи.

За водоснабдување на населението се користат изворски, подземни и површински води. Дистрибуцијата на водата до населените места најчесто се врши преку локалните јавни водоснабдителни системи. Регионалните водоснабдителни системи во основа се резултат на поврзувањето на локалните водоснабдителни ситеми со заедничкото извориште на водата. Селските населби најчесто имаат изградено самостојни водоснабдителни системи, но не е редок случајот да се снабдуваат со вода од т.н. селски чешми. Заради високата амортизираност на водоводните мрежи, загубите на водата се движат во распон од 10 до 60%. За транспорт на водата до населените места се изградени доводни цевки во должина од околу

 

480 км, додека за дистрибуција на водата во самите урбани населби се изградени улични водоводни мрежи во должина од околу 2.800 км. Вкупните годишни потреби за вода на населението, индустријата, земјоделството како и еколошкилина, а дел се користи и за водоснабдување на населението од градот Струмица. ЛИТ.:Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија,
ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.