ВОВЕДЕНИЕ НА БОГОРОДИЦА – црква ⅩⅣв. во с. Здуње

„ВОВЕДЕНИЕ НА БОГОРОДИЦА” – еднокорабна, гробишна црква од втората половина на ⅩⅣ в. во с. Здуње, во долниот слив на реката Треска, западно од Гостивар. Нејзината постара фаза е откриена за време на дислокацијата (2002) изведена поради изградба на хидроакумулациониот систем „Козјак”. Фрагментарно зачуваното ѕидно сликарство, стилски, излегува од доминантните класицистички текови на зрелата палеологовска уметност и е блиско на сликарските разбирања на работилниците што работеле на подрачјето на Скопската митрополија. ЛИТ.: М. М. МашниÊ, Прелиминарна сазнања о сеоској цркви Ваведење Богородице у поречком Здуњу – о једном непознатом средњовековном споменику, „Ниш и Византија, Зборник радова”, И, Ниш, 2003, 249–262. М. М.