ВОВЕДЕНИЕ НА БОГОРОДИЦА – црква на манастирот Карпино, кај с. Орах

Манастирскиот комплекс и црквата „Воведевни на Богородица“ во Карпино, Кумановско (1100 г.)

„ВОВЕДЕНИЕ НА БОГОРОДИЦА” – црква на манастирот Карпино, кај с. Орах, Кумановско. Изградена и живописана е во времето на османлиската власт. Според преданието, кое се темели врз еден натпис од крајот на ⅩⅠⅩ в., била подигната во 1100 г. Се доведувала и во врска со исчезнатиот манастир Архиловица, чијашто црква била, исто така, посветена на Воведение на Богородица. Манастирот Карпино првпат се спомнува во еден ракопис од 1592 г. Изнесена е претпоставката дека не можел да биде обновен пред 1572/1573 г., бидејќи во османлиските пописи од таа година, како и од 1519 г., се бележи како мезра Карпино. Има облик на триконхос со ниски квадратни конхи од надворешната страна и издолжена припрата кон запад. Опкружена е со манастирски конаци, кои се главно разрушени или се во лоша состојба. Оригиналните фрески, под живописот од крајот на ⅩⅠⅩ в., се работени во стилот на поствизантиските уметнички разбирања. Иконите од стариот иконостас (Чин, фриз со тема: Пророците Те навестија, резбарени Царски двери, Голем крст – со запишаната година 1606/1607 и 7 празнични икони) претставуваат антологиски примероци на иконосликарството од првата деценија на ⅩⅤⅠⅠ в., кои се дислоцирани и денес се изложени дел во Музејот на Македонија во Скопје, дел во Галеријата на икони во црквата „Св. Никола” во Куманово. ЛИТ.: Ј. Хаџи-ВасиљевиÊ, Кумановска об-ласт, Јужна Стара Србија, Београд, 1909, 459-462; К. Балабанов, Икони од Македонија, Иконе из Македоније, Ицонс фром Мацедониа, Ицонес де Мацедоине, Београд-Скопје, 1969, ЏЏИЏ, ЏЏЏ, сл.75; З. Расолкоска-Николовска, Иконостас Карпинског манас-