В’НДЕВ, Георги

В’НДЕВ, Георги (с. Лесково, Гуменџиско, 1896 – ?) – војвода на ВМРО во Струмичко, син на В’ндо војвода-Стариот (1858-1917), војвода на ТМОРО/ВМОРО. На 16годишна возраст стапил во четата на војводата штерју Јунака (1912), а потоа како секретар во четата на татка си. По Првата светска војна бил околиски војвода на автономистичката ВМРО во Струмичко. Уапсен од грчките власти, бил осуден на смрт (1923), но по извесен престој во солунскиот затвор, казната не била извршена. Подоцна, под влијание на михајловистичката ВМРО, како војвода на чета вршел тероризирање на струмичкото население. С. Мл.