ВМРО – Обединета – 1925


Уставот на ВМРО(ОБ) (1925)

ВНАТРЕШНА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (ОБЕДИНЕТА) (Виена, октомври 1925-1928 и Берлин, 1929–1937) – македонска револуционерна организација, формирана врз основа на принципите на Мајскиот манифест на ВМРО (1924), под влијание на Балканската комунистичка федерација и со поддршка на Коминтерната и македонските комунисти. Нејзе $ се приклучиле членовите на Илинденската организација, на бившата Македонска федеративна организација, на бившиот Емигрантски комунистички сојуз, бившата  Серска група и други прогресивни групи. При нејзиното основање бил избран Централен комитет со седиште во Виена. Нејзин орган бил в. „Македонско дело“. Имала цел да прерасне во масовно народно движење „за извојување слободна и независна Македонија во рамките на нејзините географски и економски граници и нејзино конституирање во самостојна политичка единица, што ќе влезе како рамноправен член на идната Балканска федерација“. Нејзини најистакнати дејци биле: Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Симеон Кавракиров, Владимир Поптомов, Андреја Чипов, Методија шаторов-шарло и др.
За трите дела на Македонија биле создадени одделни обласни комитети на чело со секретар. Обласниот комитет во Пиринскиот дел на Македонија го раководел Симеон Кавракиров. Подоцна седиштето на ЦК на ВМРО(Об) било пренесено во Берлин (1928), при што уште повеќе се влошиле врските на раководството со татковината. Наскоро настанала голема партиска провала во Велес, Куманово, Скопје и Штип (1928-1929), при што биле уапсени 113 нејзини членови, меѓу кои и членот на ЦК Панко Брашнаров, а по испраќањето на робија на дел од осудените, во наредната година престанала дејноста на Организацијата во Вардарскиот дел на Македонија.
Незадоволни од прокомунистичката ориентација на раководството, една група членови (Михаил Герџиков, Георги Занков, Павел шатев и др.) безуспешно се обиделе да се издвојат во одделна организација (Цариград, 1929). Постигнатото помирување со тие незадоволници (19. Ⅳ 1930) останало само привидно.
Добивајќи речиси наполно комунистички карактер (1933/1934), истите членови се среќавале и во ВМРО(Об) и во БКП/КПГ/КПЈ. Кога настанала наредната голема партиска провала во Пиринскиот дел на Македонија (1935/1936), на суд во Горна Џумаја (ден. Благоевград), Неврокоп, Софија и Разлог биле изведени околу 60 нејзини членови и наскоро потоа престанала нејзината организирана илегална дејност и во Пиринскиот, а во Егејскиот дел угаснала нејзината дејност во времето на Метаксасова диктатура (1936-1941). ВМРО(Об) имала еволутивен став во однос на македонското национално прашање. Од првичните ставови за етничкиот состав на населението на Македонија како шаренило на народи (Бугари, Грци, Срби итн.), подоцна станале доминантни ставовите дека Македонците се посебен народ (нација) и со посебен јазик.
ИЗВ.: ВМРО (Обединета). Документи и материјали, кн. 1 и 2, Скопје, 1991 и 1992.ЛИТ.: Идейните основи на В.М.Р.О. (Обединена), с. л., 1927; Славка Фиданова, Еден
проглас на ВМРО (Обединета) за Илинденското востание, „Историја“, ИВ, 1,
Скопје, 1968, 75-79; Христо Андоновски, ВМРО (Обединета) во Егејска Македонија, „Гласник“ на ИНИ, ⅩⅠⅠⅠ, 3, Скопје, 1969, 103-116; Сто®н Германов, Сúздаване и деéност на ВМРО (Обединена) 1925– 1935, Благоевград, 1971; Даринка Пачемска, Прилог кон библиографијата за ВМРО (Обединета), „Историја“, Ⅶ, 2, Скопје, 1971, 309-312; Тодор Г. Зографски – Димче А. Зографски, КПЈ и ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија во периодот 1920-1930, Скопје, 1974; Даринка Пачемска, Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета), Скопје, 1985; Дечо Добринов, ВМРО
(Обединена), Софи®, 1993; Седумдесет години ВМРО (Обединета) 1925-1995. Прилози од Научниот собир одржан на 20 декември 1995 година, Скопје, 1998. С. Мл.