ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО) – десно ориентирана политичка партија, основа на на 17. Ⅵ 1990 г. во Скопје, регистрирана на 3. Ⅷ 1990 г. Во нејзиниот статут (1990) се наведува дека таа ќе се бори за враќање на гордоста и достоинството на македонскиот човек, македонскиот народ и македонската држава и дека ќе се залага за изградба на суверена македонска држава. На првите парламентарни избори (1990) оваа партија освои 38 пратенички места. Во текот на 1994 г. партијата не учествуваше во вториот круг на парламентарните избори и стана вонпарламентарна опозиција. Таа победи на изборите одржани во текот на 1998 г., освојувајќи 49 пратенички места, по што формира коалициона влада на чело со лидерот на партијата Љупчо Георгиевски. Во текот на 2002 г. освои 33 пратенички места и стана опозициона партија. На изборите одржани во текот на 2006 г. освои 45 пратенички места и формира коалициона влада, на чело со лидерот на партијата Никола Груевски. Преку отцепување од оваа партија се формирани: ВМРО – обединета; ВМРО – вистинска македонска реформска опција; ВМРО – македонска; ВМРО – демократска партија; ВМРО – татковинска партија; ВМРО – народна партија. ЛИТ.: Светомир Скариц, Демоцратиц Елецтионс ин Мацедониа, 1990–2002, Едитионс Сигма, Берлин,
2005. Ѓор. Ив.