ВМРО – БУГАРСКО НАЦИОНАЛНО ДВИЖЕЊЕ (ВМРО БНД)

ВМРО БУГАРСКО НАЦИОНАЛНО ДВИЖЕЊЕ (ВМРО БНД) (. бугарска политичка организација и партија. Формирана во Софија во 90-тите години на ⅩⅩ в. под името ВМРО – Сојуз на македонските друштва (ВМРО–СМД). Ја спроведува бугарската политика во однос на македонскато прашање, сметајќи дека Македонците се Бугари, а македонскиот јазик дијалект на бугарскиот јазик. Лидер на партијата е Красимир Каракачанов. ЛИТ.: С. Киселиновски, И. Ставови-Кавка, Малцинствата на Балканот (ⅩⅩ век), Скопје, 2004. Ст. Кис.