ВЛАТКО (ⅩⅣ в.)

ВЛАТКО (ⅩⅣ в.) – севастократор, господар на жупата Славиште, син на Влатко Паскач. Ги проширил баштинските имоти со жупата Прешево, а потоа следувале Врање и Иногоште (по 1355 г.). Ковал свои пари, но им бил лојален на царот Урош и на кралот Волкашин (до 1371 г.). Зачуван е негов ктиторски портрет во црквата „Св. Никола”, Псача, со сопругата Владислава и синовите Стефан и Углеша. ЛИТ.: Б. ФерјанчиÊ, Севастократори у Византији, ЗРВИ, XI, Београд, 1968; М. шуица, Немирно доба српског средњег века. Властела српских обласних господара, Београд, 2000. Б. Петр.