ВЛАСОВДЕН

ВЛАСОВДЕН (11. Ⅱ) – пагански (многубожечки) и христијански празник во чест на загинувањето на светецот Власиј (11. Ⅱ 316), заштитник на домашните животни, особено на запрежниот добиток, празник во чест на крупниот добиток. Содржи елементи поврзани со почитувањето на словенскиот бог Велес (в). Празникот се поврзува за заштита од болеста влас кај крупниот добиток. Според Кузман шапкарев, бил почитуван „како претседател и покровител на воловите и воопшто сиот рогат и крупен добиток”. Ефтим Спространов сведочи дека тоа е неработен ден и за чевларите. На овој ден се почитуваат определени обредни забрани за здравје на добитокот. Жените подготвуваат обредни лебови (кравајчиња, колач, пита), кои се украсуваат со зрна од пченка, ореви и сушени плодови и се раздаваат пред изгрејсонце за здравје на крупниот добиток. Во христијанската религија, пак, овој празник се поврзува со името на Св. Власиј, епископ од кападокиски-от град Севастија од времето на римскиот цар Диоклецијан (убиен во 316 г). Тој е заштитник на градот Дубровник, поради што во изворите се среќава и како „Република на Св. Бласиј”. Во Пиринскиот дел на Македонија е поврзан со земјоделството – за осигурување на полн клас и се прават курбани. Во Неврокопско на воловите им се дава обреден леб, а поради нивното мукање, познат е и како Муковден. Сега веќе не се празнува. ЛИТ.: Е. Спространов, От Охрид, „Сборник за народни умотворени® и книжнина”, т. ⅩⅤⅠ–ⅩⅤⅠⅠ, Софи®, 1890, 27; М. Арнаудов, Бљлгарски народни празници, оби=аи, вџрваниџ, песни и забави през цџлата година, Софиџ, 1943, 57-58; Д. Маринов, Народна вџра и религиозни народни оби=аи, „Сборник за народни умотворениџ и народопис, кн. 28, Со-фиџ, 1914; Кузман А. шапкарев, Избрани дела, том четврти, Обичаи, обреди, носии. Приредил Томе Саздов, Скопје, 1976, 115; Марко Китевски, Македонски празници, Скопје, 2001. С. Мл.