ВЛАДИМИРСКИ, Томо

Томо
Владимирски

(Скопје, 26. Ⅷ 1904 – Скопје, 14. IX 1971) – сликар, сценограф, еден од основоположниците на модерното македонско сликарство. Завршил академски курс во Белград (1935), а специјализирал сликарство на Уметничката академија во Прага (1937). Работел како сценограф во Македонскиот народен театар во Скопје (1939–1966). Имал ретроспектива во Скопје (МСУ, 1981). Стилски се поврзува со реалистичкиот и експресионистичкиот израз. Се одликува со разновидна тематска определеност: градски мотиви, мртва природа, портрети (Мотив од Прага,