ВЛАДИМИРОВО

ВЛАДИМИРОВО – село во Беровско. Се наоѓа во источното подножје на планината Плачковица, на надморска висина од околу 850 м, а со Берово е поврзано со локален асфалтен пат. Тоа е населено со Македонци чиј број постојано е опаѓање. Така, додека во 1961 г. во него живееле 1.790 ж. во 2002 г. тој број се намалува на 859 ж. Главно занимање на населението е одгледување житни култури и овоштарство. Во В. има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.