ВЛАДА НА ДФЈ /ФНРЈ /СФРЈ

ВЛАДА НА ДФЈ /ФНРЈ /СФРЈ – највисок орган на извршната власт и извршен орган на Сојузното народно собрание на ДФЈ/ ФНРЈ/СФРЈ. Владата на ДФЈ, како највисок извршен орган на државната власт во земјата, првпат по ослободувањето на Југосавија (1945), ја формирал Јосип Броз Тито. Мандатот формално му бил доверен од страна на тогашното Кралско намесништво на Југославија. Повеќето нејзини членови произлегувале од составот на Националниот комитет за ослободување на Југославија (НКОЈ), но по барање на западните сојузници и во согласност со Спогодбата Тито – шубашиќ од јуни 1944 и од ноември 1944 г., во неа влегле и претставници од претходната влада на Кралството Југославија. Во неа не влегле претставници од НРМ. Во ноември 1945 г. биле спроведени избори за Устатвотворно собрание на Југославија, кое се состанало на 29 ноември 1945 г. и ја прогласило ФНР Југославија. Напоредно се одвивале и активностите за формирање на Влада на ФНРЈ и нејзино вклопување во системот на новото државно уредување. За таа цел претседателот на Привременната влада Јосип Броз Тито поднел оставка на функцијата претседател на Владата, што имала формален карактер. Затоа оставката не би-ла прифатена и со тоа бил даден мандат за нејзино натамошно функционирање, но сега како нова Привремена влада на ФНРЈ. Биле отстранети претставниците на Кралската влада, меѓу кои и министерот за надворешни работи д-р Иван шубашиќ, потписникот на спогодбите, кој бил принуден да си поднесе оставка.

Привремената влада продолжила да функционира со нови поголеми овластувања. Во нејзиниот состав се нашле највлијателните луѓе учесници во Народноослободителната борба и членови на претходниот НКОЈ. Тие ги раководеле најважните поверенства и сектори за одделните ресори во Владата. Владата имала големо влијание во подготвувањето на првиот устав на ФНРЈ, донесен на крајот од 1945 г. Со стапувањето во сила на Уставот на ФНРЈ од почетокот на 1946 г. била избрана нова Влада на ФНРЈ, пак составена од Јосип Броз. Во неа Бане Андреев бил избран за министер за индустрија и рударство, а Емануел Чучков за министер за ДФ Македонија. Под името Влада и на чело со Јосип Броз функционирала до 1953 г. Со новите уставни промени (1953 г.), наместо „Влада“, бил воведен „Сојузен извршен совет“ на ФНРЈ кој всус-
Првата Влада на ДФМ (1945)
шност функционирал како влада. Со воведувањето на функцијата Претседател на Републиката, на која бил избран Јосип Броз Тито, надлежноста на СИС била намалена. По 1953 г. и НРМ речиси редовно имала членови на Владата на ФНРЈ или СИС, но за понебитни ресори. Од 1974 г. СРМ имала и потпретседател на СИС. ЛИТ.: Д-р Новица Велјановски, Државноправниот развој на Македонија 1945– 1953. Административно-централистичкот период во државно-правниот развој на Македонија, Скопје, 1992, 1–320; Д-р
Бранко Петрановиќ – Чедомир штрбац, Историја социјалистичке Југославије, кнј. Прва општи преглед, Београд, 1977, 1–245. Д-р Душан Биланджиќ, Хисторија Социјалистичке Федеративне Југославије, Загреб, 1978, 1–463. Н. В.