ВИШИ РАСТЕНИЈА ВО ФЛОРАТА НА РМ

. (Цормопхѕта, грч. цормус-стебло и пхѕтон-растение) – најголема група во растителниот свет, сложени повеќеклеточни организми приспособени на сувоземен начин на живеење. Во текот на еволуцијата, кај нив се појавиле посебни органи и ткива (стебло, корен, листови, епидермис, стоми, кутикула, спроводни ткива и друго). Флората на вишите растенија на РМ е многу богата и разновидна. Претставена е со околу 210 фамилии, 920 родови и околу 3700 видови. Најбројни се скриеносемените растенија (околу 3200 видови) и мововите (околу 400), додека другите групи се застапени со помал број видови – папратите (42), голосемените (15) и ликоподиумовите растенија (6). Најполиморфни фамилии меѓу скриеносемените растенија се фамилијата Астерацеае (над 470 вида), фамилијата Фабацеае (околу 460 вида), Царѕопхѕлацеае (345), Брассицацеае (264), Ламиацеае (260), Поацеае (289) и други. Големата разновидност на вишите растенија е резултат на историските промени што се случувале во овој дел на Балканскиот Полуостров – геолошки, геоморфолошки, климатски педолошки, хидролошки и др., како и на растителните миграции од крајот на терциер, глацијалниот и постглацијалниот период. Рецентната флора на РМ претставува мозаик од најразлични флорни елементи (европски, бореални, арктоалпски, алпски, средноевропски, медитерански, субмедитерански, источномедитерански, понтски, балкански, јужнобалкански, мезиски, скардопиндски и други), заедно со многубројните реликтни и ендемични видови. Реликтите се остатоци од старата терциерна флора и претставуваат индикатори за толкувањето на поранешните климатски прилики. Зачувани се речиси во сите делови, особено во длабоките речни клисури, каде што влијанието на глацијацијата било послабо (Аесцулус хиппоцастанум, Рамонда натхалиае, Рамонда сербица, Тхѕмус оехмианус, Виола косанинии и други), на влажни станишта, мочуришта (Исоетес пхрѕгиа, Осмунда регалис, Тхелиптерис палустрис) и слично. Ендемите имаат ограничено распространување и според нивниот развоен центар, односно ареалот на распространување во РМ разликуваме: локални ендемити (Салвиа јурисиции, Вербасцум мацедоницум, Виола арсеница и други), јужнобалкански ендемити (Астрагалус пхѕсоцалѕџ, Центауреа граеца, Еродиум абсинтхоидес и други), балкански ендемити (Диосцореа балцаница, Пинус пеуце, Саџифрага семпервивум) и др. Центри со највисок флористички диверзитет на територијата на РМ претставуваат планинските и високопланинските региони, клисурите, природните езера, низинските блата и мочуришта, планинските блата и тресетишта, брдските пасишта, степоликото подрачје, солените почви и други. Вл. М.