ВИША ШКОЛА ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА

ВИША ШКОЛА ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА (Скопје, 1965–1980) – основана со закон за школување кадри за физичко воспитание, спортска рекреација и стручна работа во спортските организации. Матичната комисија ги избрала за наставници: Томо Атанасовски, Ѓорѓи Боев, Катица Димова, Димче Јакимовски, Славко Матовски, Димитрија Поповски, Ан-дон Симовски, Стојан Трниниќ и Чедо шаревски, а во дополнителен работен однос од Медицинскиот факултет: д-р Ванчо Ковачев, д-р Јосиф Јосифовски и д-р Огњанка Станковиќ, од Филозофскиот факултет: Ристо Бундалевски и Стојан Јордановски и од Заводот за спортска медицина д-р Никола Христов. Дипломирале вкупно 580 студенти (113 студентки и 467 студенти). ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Отворање на кадровски школи во Македонија, „Годишен зборник на Факултетот за физичка култура”, Скопје, 1988, 11. Д. С.