ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА (БИТОЛА)

На 28. Ⅲ 1988 г. била отворена Виша медицинска школа во Битола поради потребата од виш здравствен кадар од разни профили, а пред сè медицински сестри од општа насока (кои се едуцирале 4 семестри). Во текот на 1991/92 г. се едуцирале две генерации виши акушерки. Во 1993/94 се едуцирале сестри за примарна здравствена заштита, во траење од 4 семестри, а во 1996/97 виши медицинско–лабораториски техничари–аналитичари, чие траење на студиите било 5 Високата медицинска школа во Битола
на профилот Вишата медицинска школа во 2003 г. прераснала во Висока медицинска школа за едукација на здравствен кадар од разни профили, во времетраење од 6 семестри. П. Б.