ВИСАРИОН ДЕБАРСКИ (ⅩⅤⅠ в.)

– јеромонах и книжевен деец, еден од најзначајните претставници на Слепченскиот книжевен центар при манастирот „Св. Јоан Крстител“ во село Слепче кај Демир Хисар. Потекнувал од Дебарскиот крај, самиот се потпишувал како Дебарски, а се среќава пот-пишан и со името Варлаам. Во палеославистиката досега се евидентирани околу 30-на негови ракописи, пишувани во период од 1540 до 1565 г.; антологиски зборници на дела на црковни писатели, стиховни пролози, минеи, четвороевангелија, палеа и други средновековни жанровски видови. Автор е и на „Слепченскиот поменик“ (1548) и „Слепченскиот писмовник“ (1550). ЛИТ.: И. Велев, Книжевни дејци од Дебарскиот крај, зб.: Кирилометодиевската традиција и континуитет, Скопје, 1997, 107–108; Б. Ст. Ангелов, Висарион Дебар-ски, зб.: Из старата бџлгарска, руска и срџбска литература, Ⅲ, Софи/, 1978, 156– 248; Ѓ. Поп-Атанасов, И. Велев и М. Јакимовска-Тошиќ, Творци на македонската литература (IX–ⅩⅤⅠⅠⅠ век), Скопје, 2004, 272–277. И. Вел.