ВИНКА А.Д. – Виница

„ВИНКА” А.Д. – Виница – основано во 1964 г. како државно претпријатие за производство на чадори. Во 1990 г. се трансформира во акционерско друштво, а од 1998 г. целосно е во приватна сопственост. Од производство на чадори, се преминува на производство на камионски церади, камп и туристичка опрема, панталони и производи од неткаен текстил. Денес главни производи на фабриката се конфекциски и производи од неткаен текстил. Конфекцијата опфаќа: кројачница, компјутерско одделение, шивачница, завршно одделение, перална и везачки машини и во неа се произведуваат: јакни, здолници, работни облеки, облеки за униформирани лица, елеци и др.
(30.000 парчиња/мес). Неткаен текстил (2 дела), едниот (25 т/мес) за: полиестерско влакно за вата за конфекциско производство и за постелнина; филц за чевларската и пекарската индустрија; филтри за воздухот; заштитни маски и др. Другиот погон (14 т/мес): тапетарска вата и филц за индустријата за мебел. Вработени се 460 работници. Сл. А.