ВИДИЌ, Добривое

ВИДИЌ, Добривое (Чачак, 1918 – Белград, 3. Ⅲ 1992) – припадник на младинското и комунистичкото движење. Политички работник и дипломат. Бил член на СКОЈ од 1938 и на КПЈ од 1939 г., а потоа секретар на ПК на СКОЈ за Македонија и член на ПК на КП во Македонија од 1940–1941 г. Бил учесник во НОВ на Србија од 1941 (Војводина), а извршувал и политички должности. По војната бил секретар на ПК на КПЈ за Војводина и вршел разни должности во КПЈ/СКЈ на Србија, а е член и на Претседателството на ЦК на СКЈ. Во дипломатијата на СФРЈ бил до 1972 г. Бил член на Претседателството на СФРЈ (1972–1974). ЛИТ.: Мала енциклопедија – Просвета, И, Београд, 1978, 333. М. Мих.