ВИА ЕГНАТИЈА

Остатоци од Виа егнатиа во непосредна близина на Струга, пат што ги поврзувал Истокот и Западот

ВИА ЕГНАТИЈА ( VIA EGNATIA) – пат што ги поврзувал Истокот и Западот, Рим и Византион, трасиран меѓу 146–143 г., во времето на проконзулот Гнај Егнатиј (Гнаиус Егнатиус) врз една прастара балканска комуникација. Патот ја продолжувал Виа Аппиа, која од Рим водела до Бриндизи, па преку море до источниот јадрански брег. На балканскиот брег почнувал кај Драч (Дѕрацхион) или Аполонија (Апполониа), пресекувајќи ги албанските планини, и ги поврзувал Скампа, Лихнид, Хераклеја, Едеса, Пела, Тесалоника, Амфипол, Филипи, Неапол, Хипсела, Перинт и се упатувал кон Византион. Во републиканскиот период имал воен карактер и бил наменет за брзо пренесување на трупите кон Исток. Во времето на императорот Трајан В. Е. бил обновен и помеѓу големите градови биле подигнати помали станици (мутатионес, мансионес) за одмор или за промена на коњите. Должината на целиот пат изнесувала 535 милји, а од Аполонија до Тесалоника 267 милји (По-либ. 34, 12, 2а-8; Страб. Ⅶ, 7, 4). На секоја милја се поставувале камени столбови – милјокази – патокази на кои била означена раздалеченоста. На територијата на античка Македонија се откриени 15, од кои два милјоказа се од Охрид и Струга. Дел од патот покриен со камени плочи е зачуван на потегот Радожда – ќафасан, јужно од Струга (в. Калдрма – Радожда). ЛИТ.: Тх. Л. Ф. Тафел, Де Виа Милитари Романо-рум Егнатиа, љуа Иллѕрицум Мацедониа ет Тхрациа иунгенбантур, Тубингае, 1842; Л. Гоунаропоулоу –М. Б. Хатдзополоу, Лес миллиаирес де ла воие Егнатиенне ентре Херацлее дес Лѕнцестес ет Тхессалониљуе, Атхенес, 1985; В. Битракова-Грозданова, Виа Егнатиа помеѓу Лѕцхнидос и Понс Сервилии, нови археолошки докази, „Историја”, ЏЏЏ, Скопје, 1994, 19–29. В. Б.-Гр.