ВЕЧЕР – прв вечерен весник во Македонија


Првиот вечерен весник во Македонија „Вечер”

„ВЕЧЕР” -. прв вечерен весник во Македонија што произлезе од неопходноста настаната по земјотресот во Скопје во 1963 г. Издавач: НИП „Нова Македонија”, основоположници Панче Михајлов, Јордан Ивановски, Борис Поп Ѓорчев, Милчо Коцев, Цветан Станоески, Мирко Миронски. Прв главен и одговорен уредник Панче Михајлов. Првиот број на „Вечер” излегол на 11 ноември 1963 г. Весникот брзо го освоил читателскиот пазар во Републиката, станал најтиражен и продуцирал генерации познати новинари. По ликвидацијата на НИП „Нова Македонија” АД од 2004 г. „Вечер” продолжил да излегува со нови сопственици – Иво Лауренчиќ и Агенцијата „Идеја плус”, од февруари 2006 г. негов издавач е „Вечер прес” ДОО-Скопје а сопственик Бојо Андревски. Б. П. Ѓ.