ВЕТЕРОВА, Ирена

ВЕТЕРОВА, Ирена (Скопје, 19. XI 1971) – балерина. Член на балетскиот ансамбл при МНТ (1989-1992). Станува првенка на балетот во Визбаден (1993). Балетската наобразба ја добива при МБУЦ „Илија Николовски-Луј„ во Скопје, во класата на Е. Кушовска. Врз своето понатамошно усовршување работи со познати балетски имиња: М. Плисецкаја, П. шауфус и др. Улоги: Одета и Одилија (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро”), Жизел (А. Адам, „Жизел”), Јулија (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија”), Китри (Л. Минкус, „Дон Кихот”). Ем. Ⅹ.