ВЕСНИК (2000) Охајо, САД

ВЕСНИК” (2000) (Кентон, Охајо, САД, март 2000) – месечен орган на Црквата „Св. Никола” во Кентон. Пригодно издание што содржи бројни податоци за животот и активностите на Македонската православна црковна општина за градовите Кентон, Акрони и Малон во државата Охајо, како и текстови од религијата, црковното живеење и за други активности на Македонците од тој дел на САД. Сл. Н.-К.