ВЕСНИК – (Скопје, јули 1953 – 1961)

ВЕСНИК” (Скопје, јули 1953 – 1961) – орган на Музејско-конзерваторското друштво на НРМ. Прв главен и одговорен уредник бил Антоние Николовски. Објавувал прилози за актуелните состојби во археологијата, дејноста на музеите, активностите околу конзервацијата на спомениците на културата и дејноста на Музејско-конзерваторското друштво. По прекинот во излегувањето (1961), повторно бил направен обид за негово натамошно објавување, но само за уште еден број (1980) како година В, бр. 1, под редакција на Саржо Саржовски.
К. Бог.