ВЕСЕЛИНОВИЌ, Милојко В

ВЕСЕЛИНОВИЌ, Милојко В. – учител, книжевник, српски публицист и дипломат. Бил учител во Врање (1874), службеник на Министерството на војната и управник на Домот на Друштвото „Свети Сава“ во Белград (ноември 1888 – август 1889), по што заминал на дипломатска служба во Цариград (август 1889–1892) за подготовка на македонски учебници и книги за српската пропаганда во Македонија. Автор и коавтор е на повеќе „македонски“ учебници (буквари и читанки) и на публикации за Македонија и Македонците, со помош на Стојан Новаковиќ. Извесен период бил српски конзул во Скопје, Солун и Битола. Бил близок пријател на Даме Груев. БИБ.: Буквар за народне школе, Цариград, 1888; Читанка за Ⅱ разред, Цариград, 1889; Статитика српских школа у Турском царству, Београд, 1896.ЛИТ.: Д-р Климент Џамбазовски, Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на ⅩⅠⅩ век, Скопје, 1960, 97, 101, 121, 176, 177, 179, 183, 190, 192, 196, 237, 249, 252-254, 256, 258 и 276; Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, 1, Скопје, 1983, 516, 517, 523, 529, 533 и 544; истиот, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Скопје 1989, 199, 543, 544, 547 и 548. С. Мл. Вера Весковиќ -Вангели ВЕСКОВИЌ-ВАНГЕЛИ, Вера