ВЕЛКОВ, Иван – сликар

Иван Велков – Архаичен предел, детаљ (1967)

ВЕЛКОВ, Иван (Врање, 22. Ⅳ 1930 – Скопје, 26. Ⅴ 2008) – сликар, унив. професор, значаен за развојот на македонското сликарство во шеесеттите. Дипломирал (1953) и магистрирал (1955) на Академијата за ликовни уметности во Белград. Бил професор на Архитектонскиот факултет и член на групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Нови Сад. Голема ретроспектива имал во Скопје (Чифте амам, 2003). Неговиот опус се движи во рамките на фигурацијата, енформелот и геометриската апстракција. Л. Н.