ВЕЛКОВ-ДИВЛЈАНСКИ (ДИВЛЈАНЕЦ), Лазар

(с. Дивле, Скопско, ? – с. Малотино, Кумановско, 24. IX 1924) – војвода на ВМОРО. Непосредно по Младотурската револуција, активно се вклучил во македонското националноослободително движење (1909). По Првата светска војна како војвода на чета дејствувал во Скопско. Загинал во оружен судир со српската жандармерија. С. Мл.