ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО „МЛАДОСТ”

Велешкото Езеро „Младост“

ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО „МЛАДОСТ” – вештачко езеро кое се наоѓа во долината на р. Отовица, на височина од 247 м. Од Велес е оддалечено 8 км, а од патот СкопјеВелесГевгелија 0,5 км. Браната е бетонска лачна, долга по круната 60 м, широка 1 м и висока над теренот 25 м. Зафаќа површина од 0,84 км2, со вкупна зафатнина од 8.000.000 м3вода. Водата од езерото се користи за наводнување на 1.350 ха земјоделски површини, за туризам и рекреација, за спортски риболов и др. Др. В.