ВАСОВСКИ-КАМШИК, Панче

(Тетово, 1924 – Тетово, 1. Ⅵ 2003)  – актер, епизодист кој со извонредна леснина ги задоволува и најизбирливите барања на режисерот и гледачите. Во повеќето од дваесетте улоги, најдобри остварувања имаше во: „Волча ноќ”,
„Мис Стон”, „Солунските атентатори”, „Македонска крвава свадба”, „Планината на гневот”, „Време без војна”, „Јад”, „Најдолгиот пат”, „Време, води”. Г. В.