ВАСИЛИЈ (XI – Ⅻ в.)

ВАСИЛИЈ (XI – Ⅻ в.) – монах, главен водач и врховен учител на богомилите во Византија во втората половина на XI и почетокот на Ⅻ в. Преку 40 години го ширел богомилството во Византија. Најмногу проповедал во Тракија. По наредба на императорот Алексиј Ⅰ Комнин бил фатен, заедно со неговите ученици и доведен во Цариград, каде бил осуден на смрт и бил јавно запален на клада (1111). ЛИТ.: Д. Ангелов, Богомилството в България, София, 1969; Д. Драгојловић, Богомилство на Балкану и у Малој Азији,
Ⅱ: Богомилство на православном истоку, Београд, 1982. К. Аџ.