ВАСИЛЕВСКИ, Георги

 (Гуменџа, Грција, 24. XI 1935) – филмски критичар и теоретичар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Уште од студентските години објавува филмска критика. Во Македонското радио ја води емисијата „Низ окото на филмската камера”. Во Македонската телевизија работи до пензионирањето, како уредник на емисијата „Во фокусот на филмот”. Има објавено голем број научни трудови посветени на историјата, теоријата и естетиката на филмот. Автор е на книгите „Време на филмот” и „Историја на филмот (во четири тома). Иг. Ст.