ВАРДАР – фудбалски клуб од Скопје

ВАРДАР” Ⅴ Фудбалскиот клуб „Вардар“

ВАРДАР” – фудбалски клуб од Скопје. Под назив СК „Вардар” за првпат се јавува во 1912 г., а потоа кога СК „Единство” го менува името во СК „Вардар” (1922). Меѓу двете светски војни овој клуб се спомнува како учесник во натпреварите во рамките на Скопската фудбалска жупа и Скопскиот фудбалски потсојуз (1927), како и во Скопската фудбалска лига (1943). По ослободувањето бил формиран како фудбалска секција при Фискултурното друштво „Вардар” (1947), а од наредната г. прераснал во посебен клуб. Вкупно 34 сезони бил член на Првата сојузна фудбалска лига (1947/48 – 1991/92), 9 во Втората, а една се натпреварувал во Четвртата југословенска зона. Тој е прогласен за првак на Југославија (1986/87) и се натпреварувал во Купот на европските шампиони. По двата порази во првото коло од ФК „Порто” (Португалија), отпаднал од натамошните натпреварувања. Го освоил Ку-пот на Југославија со победа над ФК „Вартекс” од 2:1 (1961). За Европскиот куп бил поразен двапати во стартот. Одиграл повеќе официјални и пријателски натпревари со екипи од речиси сите континенти. Играл во Средноевропскиот куп (1967) и во финале-то на Балканскиот куп (1972 и 1973). Младинската екипа го освоила првенството на Југославија (1949 и 1975), а Пионерската победила на неофицијалното Првенство на Европа во Ница (Франција, 1975). По осамостојувањето (1991) игра во Првата лига и петпати го освојувал првенството на Македонија (1993–1995, 2002 и 2003), а Купот четирипати (1993, 1995, 1998 и 1999). ЛИТ.: 50 години фудбал во Македонија, Скопје, 1969; Четири децении ФК Вардар
Скопје, Скопје, 1988; Ивко Панговски,