ВАРДАР-неделен весник ВМОРО

„ВАРДАР“ („БРЕГАЛНИЦА“, „МЕСТА“, „ОГРАЖДЕН“, „ПЕЛИСТЕР“, „ПЧИЊА“, „СТРУМА“, „ЦРНА“) (Софија, 1. Ⅹ 1911– 12. IX 1912) – неделен весник, орган на десното крило на ВМОРО. Уредник бил Дане Крапчев, а бил печатен во печатниците на П. Глушков, Г. М. Чомонев, „Искра“ и „Ден“. За полесно распространување низ Македонија под османлиска власт, дел од тиражот повремено носел и други имиња. Објавени се вкупно 46 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 219-220; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 42. С. Мл.