ВАРДАР (Лозана, 1916–1919)

„ВАРДАР“ (Лозана, 1916–1919) – друштво основано за да развива дејност под девизата „Македонија на Македонците“. Дејноста ја засилило во времето на одржувањето на Мировната конференција во Версај. Друштвото упатило писмо до Конференцијата (22. Ⅵ) со осуда на намерите на балканските држави, „поддржувани од некои од европските сили“, за поделба на Македонија. Од Мировната конференција барало да се раководи исклучиво од принципот „Македонија на Македонците“ при решавањето на македонското прашање, да се спречи поделбата со создавање независна држава Македонија. ЛИТ.: Михајло Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.

Напишете коментар