ВАРДАР – весник (Софија, 1898–1899)

„ВАРДАР“ (Софија, 1898–1899) – неделен весник, орган на политичките интереси на христијанското население во Турција. Одговорен уредник бил Д. Чохаџиев. Неговото излегување престанало со фузионирањето со в. „Глас македонски“ и излегувањето на новиот в. „Борба за слободата на Македонија и Одринско“ (1899). ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 40. С. Мл.