ВАРДАР – весник, Скопје 1932

ВАРДАР” – весник, излегува во Скопје во 1932 г. на српски јазик по иницијатива од белградскиот новинар Милан Јовановиќ. Во Редакцијата бил и Јован Костиќ (Костовски) кој уредил неколку броја. Тоа бил трет обид за весник со името „Вардар”. Во почетокот како седмичник, потоа двапати, а при крајот, пред да згасне (1936) трипати неделно. Иако е најавено дека во весникот „ќе се чуе зборот на најситните луѓе на Југот”, Редакцијата застанала на платформата на општите принципи на југословенската идеологија прокламирана со шестојануарската диктатура. Б. П. Ѓ.