ВАРДАРСКИ ЈУНАК – бугарско гимнастичко друштво Скопје (1909–1912).

ВАРДАРСКИ ЈУНАК” – бугарско гимнастичко друштво во Скопје (1909–1912). Претседател К. Пандов, а главатар (началник) Јосиф Буреш. Друштвото имало околу 500 членови, главно ученици, со униформи и знаме. Било добро опремено со големи гимнастички справи набавени во Чешка. Вежбале на отворено и во ходниците на Гимназијата, прости, строеви и вежби на големи и подвижни справи, а се занимавале и со некои видови спортови. По разни поводи јавно настапувале со гимнастички и со културно-уметнички содржини. Со музика го пречекале султанот МехмедⅤво Скопје (1911) и извеле приредба во негова чест. По негова желба отпатувале со него на Косово и дефилирале покрај гробот на султанот Мурат. Учествувале на сесловенските слетови во Софија (1910) и Прага (1912).
ИЗВ.: Душан Станимировиќ, Соколство у Вардарској Македонији – настанак и развој, Загреб,
1986 (докторска дисертација). Д. С.