ВАРВАРА, СВ.” – црква во с. Рајчица, во близина на Дебар. Би-ла метох на Бигорскиот манастир. Еднокорабна црква со полуобличест свод, тристрана апсида (од надворешната) и полукружна апсида (од внатрешната страна). Градена од кршен камен и од малтер. При градењето биле употребени и сполии од некој постар култен објект. Зачувани се натписите испишани со старословенски букви, во кои се спомнуваат ктиторите Овчина и В’лкове и годината кога е изградена и живописана 7105 (1597). Во внатрешноста на црквата има добро зачуван фрескоживопис. Имињата на зографот и на неговите двајца помошници остануваат непознати. Нивното сликарство нема поголеми ликовни вредности. На импровизираниот дрвен иконостас има неколку икони од истите зографи. ЛИТ.: К. Балабанов, Студии од културно-историското наследство на градот Дебар и дебарската област, Прилог кон проучувањето на црквата „Св. Варвара” во с. Рајчица – Дебарско, „Културно наследство”, Ⅶ (1976-1978), Скопје, 1978, 2140; К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.