ВАПЦАРОВА (ВЕЗЈОВА), Елена


ВАПЦАРОВА (ВЕЗЈОВА), Елена (Банско, 1882 – 1969) – мајка на поетот Никола Јонков Вапцаров. Како протестантка (евангелистка) го завршила двегодишното американско мисионерско (протестантско) училиште во Самоков, Бугарија, а потоа извесно време работела како учителка во с. Елешница, во Костенец-бања, Вељуса и Банско. По стапувањето во брак со Јонко (Иван) Вапцаров (1909), била домаќинка, а нивниот дом станал сврталиште на македонски дејци од разните политички ориентации.
БИБ.: Спомени за моџ син, „Народна  младеж”, София, 1960. ЛИТ.: Никола Ј. Вапцаров, Творби, избор и предговор Гане Тодоровски, „Мисла”, Скопје, 1979; Никола Вапцаров, Песни за Татковината. Собрани стихови. Подготовка и превод д-р Блаже Ристовски,
„Мисла”, Скопје, 1986. С. Мл.