ВАНГЕЛОВ,Димитар Јованов

ВАНГЕЛОВ,Димитар Јованов (с. Конопиште, Кавадаречко, 17. Ⅹ 1920 – Битола, 17. Ⅱ 1993) – спец. педијатар, учесник во НОБ. Дипломирал во Белград (1948), а педијатрија специјализирал во 1956 г. До пензионирањето (1985) работел во Битола како началник на Детското одд. и директор на Болницата. Во 1962 г. прв во Македонија, (заедно со соработниците) приме-нил ексангвино трансфузија како терапевтски метод. Од 1966 г. бил промовиран за примариус. П. Б.