ВАЗВАНАС, Вангелис

ВАЗВАНАС, Вангелис – комунистички деец. Во времето на Втората светска војна бил секретар на Македонското биро на ОКНЕ (јули 1941), а потоа член на Градскиот комитет (од 1941) и член на Околискиот комитет на КПГ во Солун, член и втор секретар на Македонското биро на КПГ, секретар на Обласниот комитет на младинската организација ЕПОН и секретар на Градскиот комитет на КПГ во Солун (од март 1944). Учествувал на мошне значајната проширена седница на Обласниот комитет на КПГ за Егејскиот дел на Македонија, при што бил избран за член на Обласниот комитет (втора половина на ноември 1944). На Седмиот конгрес на КПГ бил избран за кандидат-член (1945), а на Петтиот пленум и за член на ЦК на КПГ (јануари 1949). Во времето на Граѓанската војна во Грција бил политички комесар на повеќе воени единици на ДАГ во Егејскиот дел на Македонија и Тракија, а потоа и на шестата дизизија на ДАГ. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ (1944-1945), т. Ⅱ, АМ, Скопје, 1973, 80; Д-р Ристо Кирјазовски, Демократски и антифашистички партии и организации во Егејскиот дел на Македонија (1941-1945),
ИНИ, Скопје, 1991, 40, 54, 75, 86 и 114.
С. Мл.