БУЧИН

БУЧИН – хеленистичка населба распослана на долгата падина на Бучински Рид, 20 км западно од Прилеп. На површината се воочливи остатоци од градби, градежен материјал и фрагменти од керамички садови. При обработката на земјата се најдени повеќе монети од Филип Ⅱ до Константин Ⅰ и автономните градови Амфиполис, Пела, Тесалоника и др., како и еден сребрен медалјон со претстава на Артемида датиран во крајот на Ⅲ и почетокот на Ⅱ век пр.н.е. Бројни мермерни споменици со релјефни претстави или со грчки натписи се вградени како сполии во црквите на околните села, а потекнуваат од оваа населба, која се идентификува со градот Алкомена (Алцомена) кој, според пишувањето на Страбон, лежел на десниот брег од Црна од Гевгелија, подрачјето Струми-Река (Еригон). Податокот дека Површинскиот коп на Рудникот „Бучим”, Радовиш ца – Дојран и други. Експлоатаовој град на излезот од Демир Хисар во Пелагонија е градот Алкомена го потврдува и Стефан Византинец. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 221; И. Микулчиќ, Пелагонија у светлости археолошких налаза, Скопје, 1966, 59. К. Кеп. Владо Бучковски