БУЧИМ-ЈАКА – борачки клуб

БУЧИМ-ЈАКА” – борачки клуб во слободен стил од Радовиш, формиран како БК „Партизан” (1962). Неколкупати го менувал името, а овој назив го добил подоцна (од 1993–2003). Клубот е екипен првак на Македонија повеќе пати (1991–2004), на Европа (1995) и на Интерконтиненталниот куп (1996), одржани во Радовиш. Подемот го доживеал под раководството на првиот претседател Никола Ѓорѓичков, а меѓународните успеси за време на претседателот д-р Ванчо Чифлиганец. Под стручното тридецениско раководство на Димче Ангелов биле постигнати сите успеси на Клубот. Најуспешни борачи на БК „Бучим-Јака” од Радовиш се: Павле Јованов, Тони Танчев и Николчо Калајџиев. Ф. Ѓ.